Марс во одмор
Изглед
| Творец | Диего Веласкес |
|---|---|
| Година | ок.1640 |
| Димензии | 179 см × 95 см |
| Место | Прадо, Мадрид |
Марс или Марс во одмор (Descanso de Marte, буквално Одморот на Марс) ― слика на Диего Веласкес од 1640 година. Сега е во Музејот Прадо. Сликата била вдахната од „Замислениот“ (Il Pensieroso), една од скулптурите на Микеланџело за Медичи во новата сакрастија на базиликата Свети Лоренс. Оваа слика е сатиричен приказ на богот Марс. Се смета дека била завршена околу 1639-1640 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Веласкес, каталог на изложби од Ликовниот музеј Метрополитен (целосно достапен на Интернет како ПДФ), кој содржи материјал за оваа слика (види индекс)