Марко Крале и Алил-ага

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марко Крале и Алил-ага (српски: Марко Краљевиһ и Алил-ага) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина[уреди | уреди извор]

Крале Марко и неговиот побратим, бегот Костадин, одат во Цариград при што Марко се преправа дека е болен со цел да ги избегне можните неволји. Меѓутоа, него го пресретнува Алил-ага кој го кани на двобој. Марко се правда дека е болен, но Алил-ага е упорен, па Марко е принуден да го прифати двобојот. Тие фрлаат стрели, а Марко лесно победува. По поразот, Алил-ага го моли Марко за милост и му дава големо богатство, потоа му приредува гозба и најпосле, двајцата стануваат неразделни побратими, заедно борејќи се во војните.[1]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Песната „Марко Крале и Алил-ага“ прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од слепата жена Живана, која била родум од некое место во Србија, а живеела во Земун, но патувала дури во Бугарија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 175-179.
  2. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.