Марија Календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марија Календар
Роден 1979
Скопје
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор

Марија Календар (Скопје, 1979) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Марија Календар е родена во Скопје во 1979 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирала во 2002 година, магистрирала во 2007, а докторирала во 200х година. Во текот на факултетското образование секоја година била наградувана за успешните студии. Како најдобар дипломиран студент од својата генерација е наградувана од Факултетот, универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а добитник е и на златен прстен од Инженерската институција на Македонија. На Факултетот почнала со работа во 2002 година како помлад асистент, напредувала во асистент во 2008, доцент во 20хх и вонреден професор во 20хх.[2]

Во рамките на досегашната научно-истражувачка работа учествувала во изработката на повеќе публикувани научно-истражувачки трудови. Коавтор е на неколку стручни книги од областите на компјутерски софтвер и хардвер, како и на два учебника за средно образование. Член е на меѓународните професионални здруженија IEEE и ACM. Полињата на професионален интерес вклучуваат проценка на перформанси и моделирање на компјутерски системи и компјутерски мрежи, P2P компјутерски мрежи и сообраќај, моделирање на безбедност на мрежни системи.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 162. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Вонредни професори“. ФЕИТ. Посетено на 5 април 2021.