Максимален пробив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Максимален пробив (од англиски: maximum break) — поим во снукерот за достигнување кое се остварува кога еден играч под нормални околности ќе направи пробив од 147 бода. Ова често е познато и како максимум, или 147. До оваа бројка од 147 бода се доаѓа со уфрлување на сите 15 црвени кугли во дупка, притоа комбинирајќи со 15 пати уфрлување на црната топка (по секоја уфрлена црвена се уфрла црната и така додека не остане ниту една црвена на масата) со што се стигнува до 120 бода, а потоа следи уфрлување на сите шест обоени кугли за уште 27 бода. Максималниот пробив е постигнат 105 пати во професионалната конкуренција. Рекордери се Рони О'Саливан со направени 12 и Стивен Хендри со направени 11 максимални пробиви на официјанлни настапи, повеќе од било кои други професионални играчи досега. Последниот максимален пробив е на Рони О'Саливан постигнат во финалето на Отвореното првенство на Велс против Динг Ѓуенхуеј на 2 март 2014.

Теоретски можно е да се случаи да се освојат и над 147 поени, но тоа се случува доколку противникот прави фаули или остава „слободни ситуации“, но доколку не се направи пробив од 147 бода и покрај повеќето бодови (од 147) тоа не се смета за максимален пробив. Вакво нешто (повеќе од 147 бода) се случило само еднаш на професионален турнир.

Поврзано[уреди | уреди извор]