Македонска кооперативна банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонска кооперативна банка (МКБ) — кооперативна банка во Бугарија, која постоела од 1925 до 1947 година, чија дејност била насочена кон македонската емиграција. Основана е од Националниот комитет на македонските братства во Бугарија. Ја основале 77 индивидуални членови и 1 колективен член, Прилепската кооперативна банка. Економистот Никола Стојанов, родум од Дојран, бил претседател на банката, а нејзин касиер бил Георги Совичанов, родум од Битола. Банката ја започнала својата дејност со 387.300 лева деловен капитал, кој достигнал над 18 милиони лева во 1931 година. Нејзината дејност била ограничена на главниот град Софија и околните општини. Банката давала кредити само на свои членови, кои главно биле занаетчии и ситни трговци.[1][2] Банката била ликвидирана во 1947 година, кога Политбирото на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија донело решение за ликвидација на банката со образложение дека е создадена со суми на Иван Михајлов и дека во нејзиното раководство има негови скриени следбеници.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Куманов, Милен (1993). Македония. Кратък исторически справочник. София. стр. 147–148.
  2. Албум Алманах Македония. София. 1931. стр. 35–36.
  3. „Протокол № 85 от 27 март 1947 г.“. politburo.archives.bg. Посетено на 2023-02-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]