Макара (месец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Макара ― месец во индискиот сончев календар.[1][2] Тој одговара на хороскопскиот знак јарец и се преклопува со околу крајот на јануари и приближно почетокот на февруари во Грегоријанскиот календар.[1]

Во ведските текстови, месецот Макара е нарекуван сахасија, но во овие древни текстови нема зодијачни поврзувања.[3] Сончевиот месец Макара се преклопува со неговиот месечев месец мага, во хиндуските месечево-сончеви календари.[4][5] Макара го означува месецот со продолжување на должината на денот на индискиот потконтинент. Претходик му бил сончевиот месец Дану, а потоа следувал сончевиот месец Кумба.[2] Почетокот на овој месец е скоро секогаш 14 јануари, денот на фестивалот Макара Санкранти и периодично Кумб Мела.[6]

Месецот макара се нарекува таи во тамилскиот хиндуски календар.[1] Санскритските текстови во Индија од античката и средновековната ера се разликуваат во нивните пресметки за времетраењето на макара, исто како и со другите месеци. На пример, делото „Сурја Сиданта“ го пресметува времетраењето на Врсчика да биде 29 дена, 10 часа, 45 минути и 12 секунди.[5] Спротивно на тоа, делото „Арја Сиданта“ го пресметува времетраењето на месецот Врсчика да биде 29 дена, 10 часа, 57 минути и 35 секунди.[5]

Макара (крокодил или суштество половина (копнено) животно-половина риба) е исто така астролошки знак во индиските хороскопски системи, што одговара на јарец (астрологија).[7]

Макара е исто така четвртиот месец во Дарискиот календар за Марс, кога Сонцето Сонцето го поминува источниот дел од соѕвездието Јарец гледано од Марс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 James G. Lochtefeld (2002). The Illustrated Encyclopedia of Hinduism: A-M, N-Z (Vol 1 & 2). The Rosen Publishing Group. стр. 682–683. ISBN 978-0-8239-3179-8.
  2. 2,0 2,1 Robert Sewell; Śaṅkara Bālakr̥shṇa Dīkshita (1896). The Indian Calendar. S. Sonnenschein & Company. стр. 5–11, 23–29.
  3. Nachum Dershowitz; Edward M. Reingold (2008). Calendrical Calculations. Cambridge University Press. стр. 123–128. ISBN 978-0-521-88540-9.
  4. Christopher John Fuller (2004). The Camphor Flame: Popular Hinduism and Society in India. Princeton University Press. стр. 291–293. ISBN 978-0-69112-04-85.
  5. 5,0 5,1 5,2 Robert Sewell; Śaṅkara Bālakr̥shṇa Dīkshita (1896). The Indian Calendar. S. Sonnenschein & Company. стр. 10–11.
  6. James G. Lochtefeld (2002). The Illustrated Encyclopedia of Hinduism: A-M, N-Z (Vol 1 & 2). The Rosen Publishing Group. стр. 411. ISBN 978-0-8239-3179-8.
  7. Bangalore V. Raman (2003). Studies in Jaimini Astrology. Motilal Banarsidass. стр. 10–19. ISBN 978-81-208-1397-7.