Локвањи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локвањи
Творец Јован Димовски
Година 1937
Димензии 61 см × 91 см
Место Народен музеј, Битола

Локвањи – слика од Јован Димовски. Сликата е масло на платно, завршена во 1956 година со димензии 61 х 91 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Опис[уреди | уреди извор]

На сликата „Локвањи“ е претставен пејзаж со водни лилјани во вода. Врз целата слика е насликана водената површина низ која виреат различни стебленца на растенија кои растат од дното под водата. Во централниот дел на сликата насликани се една поголема група водни лилјани – растенија кои имаат големи цутови и цветови и кои како да лебдат на површината од водата. Сликата го воспева животот – хармонијата во пејзажот, во водата и растителниот свет. Насекаде блика живот и поетска хармонија.[1]

Авторот брзо го сликал мотивот, сакајќи да го прикаже моментот на некое чисто, топло и пријатно летно пладне. Тоа е негов субјективен впечаток и доживување – постапка која во сликарството е позната како импресионизам. Авторот сакал своето позитивно емотивно чувство да го пренесе преку лебдеењето на цветовите на водните лилјани во водата. Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]