Линшепиншка катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија

Линшепиншка катедрала — соборна црква во шведскиот град Линшепинг, епископско седиште на Линшепингската епархија вона шведската црква. Се наоѓа спроти замокот Линшепинг.

Историја[уреди | уреди извор]

Денес црквата е стара околу 800 години. Сепак, нејзината историја започнува во 11 век, со изградба на дрвена црква. Подоцна, околу 1120 година, била изградена камена црква, базилика со големина од околу половина од денешниот објект.

Околу 1230 година станало неопходно да се изгради поголема црква, бидејќи базиликата била премногу мала. Црквата била проширена на исток, со нов хор и трансепт. Овие делови остануваат како дел од сегашната црква. Од тој период е и сегашниот олтар.

Следното проширување на црквата било направено по крунисувањето на кралот Валдемар, во 1251 година. Главната зграда беше неодамна конструирана, а црквата ја доби сегашната должина од 110 метри и висина од 107 метри.

На почетокот на 15 век, 1408–1420, биле изградени готските капели, со големи прозорци и сводови во облик на ѕвезда. Капелите биле именувани по Свети Андреј (подоцна преименуван по Света Марија), Свети Никола Хермани и Свети Томас Бекет.

Пожарот го оштетил покривот на црквата во 1546 година и повторно во 1567 година. Во периодот од 1747 до 1886 година кулата била реконструирана неколку пати. Во 1967 година бил обновен обликот на покривот од 17 век. Покриен е со бакарна обвивка, од чија корозија е создадена зелената боја.

Катедралата е застапена на насловната страница на албумот Opus Eponymous од Ghost, чиј основач, Тобијас Форџ, е роден во Линшепинг.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]