Либечки универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Либечки универзитет
Universität zu Lübeck
Siegel-Uni-Luebeck.svg
ГеслоIm Focus das Leben (германски)
На македонски
Фокус на животот
Видјавен
Основан1964
Буџет18,9 мил.
ПретседателПетер Доминијак
Административен кадар
1.335 (2005)
Студенти3.342 (WS 2012/13)[1]
МестоЛибек, Германија
Боизелена и бела боја         
www.uni-luebeck.de

Либечки универзитет (германски: Universität zu Lübeck) — истражувачки универзитет во северна Германија, насочен скоро целосно на медицината и науките со примена во медицината. Универзитетот се наоѓа во во градот Ханзиниот град Либек, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн и бил основан во 1964 година како втор медицински факултет на Килскиот универзитет.

Во 2006 и 2009 година, Либечкиот универзитет бил прогласен за број 1 во областа на медицината помеѓу сите универзитети во Германија, Австрија и Швајцарија според спроведено рангирање на високообразованите институции. Во компјутерските науки и молекурната биологија се нашол на второто место во истражувањето во 2009 година.

Либечкиот универзитет го носи ова име од мај 2002 година. Во 1964 година бил основан како Медицинска академија Либек. Во 1973 година станал самостојна висока школа под името Медицинска висока школа Либек, а од 1985 година како Медицински универзитет Либек.

Општо[уреди | уреди извор]

Универзитетот има факултет за медицина и факултет за технологија и природни науки. Нуди дипломски, постдипломски и докторски студии во медицина, наука и инженерство со примена во медицината. Во зимскиот семестар 2007/2008 била воведен докторската програма „Компјутирање во медицина и биологија“.

Моменталнот, на универзитетот има околу 3.300 студенти, 160 професори и 100 доценти. Универзитетската клиника во Либек била споена на 1 јануари 2003 година со Универзитетската клиника на Кил во Универзитетска клиника Шлезвиг-Холштајн, со што станала втората најголема универзитетска клиника во Германија. Со повеќе од 5.300 вработени, универзитетот и клиниката се најголеми работодавци во регионот на Либек.

Историја[уреди | уреди извор]

Протестен плакат на Холстентор

Покраинскиот влада на Шлезвиг-Холштајн во Кил планирала во мај 2010 година да го затвори медицинскиот факултет во Либек поради буџетски заштеди.[2] Планирано било текот на студиските насоки од зимскиот семестар 2011/2012 да продолжи на Килскиот универзитет.[3] Резултатот бил напуштање на професорите, пред сè од истражувачите.[4] Затворањето на медицинските студии во следните месеци наишло на жестоки критики во јавноста,[5] во науката,[6] во политиката[7] и дури и во рамки на CDU.[8] Започнале организирани протести „Либек се бори“ (Lübeck kämpft) со бројни поддржувачи.[9] На 16 јуни 2010 година во Кил протестирале 14.000 луѓе против затворањето на медицинскиот факултет, што било најголема демонстрација во Кил во историјата на Шлезвиг-Холштајн.[10][11] На 8 јули 2010 година се обезбедило продолжување на медицинското образование во Либек со пренамена на финансиски средства од Килскиот институт за морско истражување. Со ова значело дека медицинскиот факултет во Либек ќе продолжи да работи.[12]

Акцијата „Либек се бори“ во ноември 2010 година ја добила наградата „Политика“ од списанието Politik & Kommunikation во категоријата „кампањи за јавните институции“.[13]

Студиски насоки[уреди | уреди извор]

Универзитетот е поделен на медицина, информатика/техника и природни науки и ги нуди следниве студиски насоки:[14]

  • медицина на човек
  • информатика
  • математика во медицината и природните науки
  • медицинска информатика
  • медицинско инженерство
  • молекуларна билогија
  • психологија

Други студиски насоки се:

  • докторска школа за компјутирање во медицина и биологија
  • постдипломски студии биомедицинско инженерство
  • постдопломски студии инфективна биологија

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Statistisches Bundesamt: Studierendenzahlen Studierende und Studienanfänger/-innen nach Hochschularten, Ländern und Hochschulen, WS 2012/13, S. 66-113 (3 ноември 2013)
  2. Uni-Lübeck: Exzellent, aber nicht finanzierbar. во: Die Zeit. Nr.23 (2010).
  3. Christoph Titz: Bildungssparen - Uni Lübeck vor dem Aus. на: Spiegel online. 28 мај 2010.
  4. Lübecker Uni droht Exodus der Spitzenforscher. во: Lübecker Nachrichten. 6 јуни 2010.
  5. Frank Pergande: Die Angst, eine Zukunftsbranche zu verlieren во: FAZ.Net од 24 јуни 2010
  6. Quirin Schiermeier: German states wield the axe. In: Nature. 465, 996 (2010). (online)
  7. Wolfram Hammer: „Lübeck hat keine Lobby in Kiel!“ Auf: LN-online.de 28 мај 2010.
  8. Universität Lübeck: Schavan will Medizinstudiengang retten. Auf: stern.de 16 јуни 2010.
  9. Website luebeck-kaempft.de
  10. Uni Lübeck: Eine Stadt sieht gelb. во: Die Zeit. Nr.29 (2010). (online)
  11. Die gelbe Macht aus Lübeck. Auf: LN-online.de 17 јуни 2010.
  12. Mediziner-Ausbildung an Uni Lübeck gerettet. Auf: sueddeutsche.de 8 јули 2010.
  13. Michael Hollinde: Lübecker Uni freut sich über Preis aus Berlin. во: Lübecker Nachrichten од 26 ноември 2010, S. 18
  14. Studium: Universität zu Lübeck - Studieren mit Perspektive

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 53°50′13″N 10°42′21″E / 53.83694° СГШ; 10.70583° ИГД / 53.83694; 10.70583