Ланча Алфа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ланча Алфа од 1908 г.

Ланча Алфа бил првиот автомобил направен од Ланча.

Автомобилот првично бил именуван како „тип 51“, а подоцна бил преименуван и во грчката буква алфа.

Опис[уреди | уреди извор]

Првите возечки тестови на автомобилите започнале во септември 1907 година, а производството започнало во 1908 година. Винченцо Ланча го претставил својот прв автомобил на саемот за автомобили во Торино во 1908 година (18 јануари - 2 февруари).

Автомобилот имал максимална брзина од околу 90 километри на час со мотор од 2544 кубика кој произведувал 28 КС и ротирал околу 1800 вртежи во минута.

Овој модел бил продаден во над сто примероци, и претставува автомобил направен за трки.

Наводи[уреди | уреди извор]