Кју Клукс Клан
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Кју Клукс Клан (англиски: Ku Klux Klan), познат и по акронимот ККК или само Клан — тајна организација основана по завршетокот на Граѓанската војна во САД, која има за цел предизвикување на расна и верска нетрпеливост. Членовите се облекуваат во карактеристична бела облека, мантии со конусовидна качулка која во целост го прикрива лицето, на која има само отвор за очите. Организацијата премолчано е штитена од државните органи[се бара извор], и е толерирана[се бара извор] и покрај големиот број на уништени приватни имоти, и убиства. Нејзини жртви се американските Африканци, Евреите, но и белите христијани кои биле сметани за помагачи или заштитници на Црнците и Евреите. Организацијата постои до ден-денес, се занимава со ширење параноја и омраза и сѐ уште има моќ која не е за потценување[се бара извор].
Кју Клус Кланот како мотив во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „ККК кучка“ (англиски: KKK Bitch) - песна на американската рок-група „Бади каунт“ (Body Count) од 1992 година.[1]
- „Раѓањето на нацијата“ (англиски: The Birth of a Nation) - американски филм од 1915 година, во режија на Дејвид Грифит.[2]
- „Членовите на кланот“ (англиски: The Clansman: An Historical Romance of the Ku Klux Klan) - роман на американскиот писател Томас Диксон Помладиот.[2]