Кум 3 (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Кум 3“
GodfatherIII2.jpg
Режисер Френсис Форд Копола
Продуцент Френсис Форд Копола
Сценарист Марио Пузо
Френсис Форд Копола
Настапуваат Ал Пачино
Дајан Китон
Талиа Шири
Енди Гарсија
Ели Валах
Џо Мантегна
Бридџет Фонда
Џорџ Хамилтон
Софија Копола
Музика Кармин Копола
Кинематографија Гордон Вилис
Монтажа Бери Малкин
Лиза Фрухтман
Валтер Мурх
Студио Zoetrope Studios
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера декември 20 1990 (1990-12-20) (Беверли Хилс)
декември 25 1990 (1990-12-25) (САД)
Времетраење 162 минути
Држава  САД
Јазик Англиски
Буџет $54 милиони
Бруто заработка $136.8 милиони

Кум 3 (англиски: Godfather III) е американски филм во режија на Френсис Форд Копола. Филмот претставува трето продолжение на приказната за мафијашкото семејство Корлеоне. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Ал Пачино, Енди Гарсија, и Дајан Китон, додека споредни улоги толкуваат Ели Валах, Џо Мантегна, Џорџ Хамилтон, Бридџет Фонда и Софија Копола. Филмот добил неповолни оцени од филмките критичари, но затоа пак постигнал голем комерцијален успех, заработувајќи 136 милиони долари. Освен тоа, филмот бил номиниран за седум награди „Оскар“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството во филмот се случува во 1979 година, кога веќе подостарениот Мајкл Корлеоне се обидува да ги легализира своите бизниси во Њујорк и во Италија. Тој исто така чувствува голема вина заради неговото учество во смртта на неговиот брат Фредо. Разведен од Кеј, тој го сака најдоброто за своите деца, затоа го принудува Ентони да учи за адвокат, но Ентони одлучува да биде оперски пејач. Исто така, Кеј и Мајкл едвај успеваат да се смираат, поради дејствијата на Мајкл во претходниот филм. На сцена доаѓа Винцент, кој не е во добри односи со мафијашот Џои Заза (шеф на зделките на Корлеоне во Њујорк) и дури ми го скинува увото. Мајкл одлучува да го вклучи Винцент во неговиот бизнис и го зема како свој заштитник. Мајкл сака да земе акции во фирмата 'Интернационале Имобилиаре' и потпаѓа на скамот на главниот на Ватиканската банка и неговите соработници. Но и мафијашите сакаат акции од оваа фирма и Мајкл ги поткупува со парите направени од продажбата на неговите зделки од Лас Вегас. Џои го декларира Мајкл за свој противник и испраќа атентатори да го убијаат Мајкл и повеќето од мафијашките шевови, но Мајкл успева да го преживее овој напад благодарение на Винцент. Мајкл е подоцна хоспитализиран, додека Винцент влегува во романтична врска со неговата ќерка, Мери. Винцент успева и да го ликвидира Џои. Мајкл се опоравува и му наредува на Винцент да ја престане врската со Мери, од страв за нејзиниот живот. Алтобело, стар мафијаш, сака да го убие Мајкл поради неговите дејствија и затоа го праќа платениот убиец Моска да го убие. Драгиот и стар пријател на Мајкл, Томасино, е убиен од Моска и Мајкл дознава за неговата смртта. Тој се проштава со својот стар пријател и го именува Винцент за шеф на мафијашката фамилија Корлеоне. Винцент ги убива сите што му згешија на Мајкл. Мајкл оди на настапот на неговиот син и таму се случува трагедија, Мери е убиена откако Моска се обидува да го убие Мајкл, а Винцент го убива Моска. Мајкл подоцна се преселува во вилата на Дон Томасино и таму тивко и мирно умира. [2] [3]

Актери[уреди | уреди извор]

За филмот[уреди | уреди извор]

Иако двата последни филма ја завршија сагата на Корлеоне, Копола одлучил да направи трет филм заради неговата лоша финансиска состојба после неуспехот на "Еден од Срцето" (1982), преземајќи ја долгогодишната понуда на Парамаунт за да направи трет филм. Ал Пачино, Диана Китон, Талиа Шири се враќаат во овој филм, додека Роберт Дувал одбил да учествува во филмот поради разликите на платите помеѓу него и Пачино. Тогаш Копола бил принуден да создаде нов лик кој ќе го замени ликот на Том Хеген, игран од Џорџ Хамилтон. Првиот нацрт на сценариото го напишал Дин Ризнер во 1979 година, врз основа на приказната на Марио Пузо. Оваа сценарио се фокусираше околу синот на Мајкл Корлеоне, Ентони, поморски офицер кој работел за ЦИА, и вмешаноста на семејството Корлеоне со заговор за атентат врз диктатор од Централна Америка. Речиси ниту еден од елементите од оваа сценарио не се пренел во финалниот филм, но една сцена од филмот, во која двајца мажи навалуваат во куќата на Винцент постои во нацртот на Ризнер и е речиси непроменет. Копола сметал дека Сагата на Кум била всушност приказната на Мајкл, една за тоа како "добар човек станува злобен", дека Мајкл навистина "не платил за своите гревови" направени во вториот филм и сакал ова последна глава да го демонстрира тоа. Во согласност со таа тема, Копола целосно го променил сценариото. Џулија Робертс првично учествувала како Мери, но падна поради конфликти во распоредот. Мадона сакаше да ја одигра улогата, но Копола сметаше дека е премногу стара за таа улога. Ребека Шефер беше ставена на аудиција, но беше убиена. Винона Рајдер се повлече од филмот во последен момент. На крајот Софија Копола, ќерката на режисерот, ја доби улогата на ќерката на Мајкл Корлеоне. Нејзината многу критикувана перформанса резултираше со обвинување на нејзиниот татко за непотизам, обвинение кое Копола го негираше. Тој рече дека го наоѓа иронично тоа дека критичарите "ја користат неговата ќерка за да го нападнат", додека ликот на Мери ја плаќа цената за гревовите на нејзиниот татко. Софија Копола претходно играше како новороденче за време на крштевањето/убиствата на крајот во првиот филм. Таа исто така се појавила и во вториот филм како мало имигрантско дете кога деветгодишниот Вито Корлеоне пристигнува во Њујорк. И други роднини на Копола учествуваат во филмот. Копола му дозволи и на Кетрин Скорсезе, мајката на Мартин Скорсезе, да учествува во филмот во мала улога.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Крајот на мафијашката фамилија Корлеоне“, Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 3.
  2. „Крајот на мафијашката фамилија Корлеоне“, Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 3.
  3. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 17.