Крсте Златарев
| Крсте Златарев | ||
| Роден | 23 февруари 1864
Охрид, Отоманска Македонија | |
|---|---|---|
| Починал | 16 април 1925
Софија, Царство Бугарија | |
Крсте Христов Златарев (Охрид, 23 февруари 1864 — Софија, 16 април 1925) — македонски генерал и командир на Единаесетата пешадиска македонска дивизија за време на Првата светска војна. Учесник во Српско-бугарската војна и подоцна Балканските војни.
Животопис
[уреди | уреди извор]Рани години и образование (1864 — 1884)
[уреди | уреди извор]Крсте Златарев е роден на 23 февруари 1864 година во градот Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко Христо Кувенџија бил свештеник од охридското маало Кошишта. Неговиот помлад брат Андон Златарев (1872-1902) бил деец на Македонската револуционерна организација и дел од четата на Иван Савов. Крсте стекнал основно образование во неговиот мајчин град. На 11 септември 1881 година се запишал во Софиската воен универзитет. Завршил во 1884 година и е назначен за потпоручник на 13ти рилски пешадиски полк на Бугарската војска.
Воена услуга (1885 — 1918)
[уреди | уреди извор]Во 1885 година почнала Српско-бугарската војна. Крсте Златарев бил назначен за командир на третата чета на 2ри струмски пешадиски полк. Учествувал во битката кај Сливница (5-7 ноември) и Келташ. Покрај неговите повреди тој продолжил да се бори. Поради неговата храброст, го примил орденот „За воена услога“, четврти степен. На 30 август 1886 година бил промовиран во поручник, а во 1889 година во капетан. На 25 февруари 1900 година во мајор и е назначен за командир на 9ти резервен полк.
На 27 септември 1904 година бил назначен за заменик командир. На 4 септември 1910 година бил назначен за полковник. Во 1913 година станал помошник-командир на 12ти балкански пешадиски полк. За време на Првата балканска војна, Златарев бил командир на 29ти јамболски пешадиски полк. Учествувал во битките кај Лозенград, Чаталџа и Одрин. Поради неговата храброст во битката кај Чаталџа, го примил орденот „за храброст“ трети степен.
За време на Втората балканска војна, учествувал во битките кај Кукуш и Горна Џумаја против Кралството Грција. Од 1914 година бил командир на 7та рилска пешадиска дивизија. За време на Првата светска војна бил командир на Единаесетата пешадиска македонска дивизија, основана со поттик од ВМРО (Автономисти). Претежно дејствувал во Вардарска Македонија. За време на Македонскиот фронт, Златарев бил сместен во Азот и Велешко. Во 1916 година бил промовиран во генерал-мајор.
Последни години и смрт (1919 — 1925)
[уреди | уреди извор]После војната е назначен за генерал-потполковник. За време на атентатот во црквата „Свети Недела“ Крсте Златарев е ликвидиран. Имал две деца и жена.
Спомени
[уреди | уреди извор]Страната на Република Бугарија во граничниот премин Ново Село-Петрич е именувано во негова чест.[1][2] Во 1934 година, јамболското село Коемџи било преименувано во Полковник Златерво. После Втората светска војна, во 1951 година, селото било преименувано во Златари.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Патриоти от Петричко построиха паметник на генерал Кръстю Златарев – началник на 11-а Македонска дивизия
- ↑ Паметната плоча в чест на генерал Кръстю Златарев бе открита на ГКПП Златарево
- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989. 125 ст.