Крвава бајка (филм)
„Крвава бајка“ — југословенски филм од 1969 година, во режија на Бранимир Тори Јанковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живоиновиќ, Мија Алексиќ, Мира Ступица итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во филмот е прикажано стрелањето на луѓето во Крагуевац на 21 октомври 1941 година низ настаните кои се однесуваат на група деца, улични чистачи на чевли. По окупацијата на Крагуевац, илјадници работници одбиваат да работат за окупаторот, така што целиот град е изложен на репресија, прогони и укинување на редовното снабдување со храна. Во тие услови, децата се снаоѓаат на разни начини. Така, детето наречено Мали Пиљак доаѓа на идејата со својата дружина да организира пред касарната чистење на чевлите на германските офицери и војници и така децата заработуваат пари. Меѓутоа, при една борба со партизаните во близината на градот се убиени многу германски војници. Во знак на одмазда, германската војска одлушува да стрела сто луѓе за секој погинат војник. Тогаш, во градот почнува лов на луѓето. Малите чистачи одбиваат да им ги чистат чизмите на германските војници и поради тоа и нив ги носат на стрелање.
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови чие дејствие се одвива во Крагуевац
- Филмови за Втората светска војна
- Филмови од 1969 година
- Филмови на Бранимир Тори Јанковиќ
- Филмови со Бата Живоиновиќ
- Филмови со Мија Алексиќ
- Филмови со Мира Ступица
- Филмови со Љуба Тадиќ
- Филмови со Љубиша Јовановиќ
- Филмови со Јанез Врховец
- Филмови со Северин Бијелиќ
- Филмови со Драгомир Фелба
- Филмови со Горица Поповиќ
- Филмови со Зоран Миленковиќ