Кочо Чолаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кочо Чолаковски - Станко (Нижеполе , Битолско, 1923 - 9 септември 1942) бил македонски партизан, учесник во НОБ[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Чолаковски е роден во селото битолското Нижеполе во 1923 година. По занимање бил земјоделец. Како младинец се истакнал со непосредни идеи поради што бил примен за член на младинска воспитна група во селото, непосредно после окупацијата. Нешто подоцна бил примен за член на КПЈ. Кога била формирана четата „Јане Сандански“, Чолаковски бил еден од нејзините борци. Само ден подоцна од формирањето на 9 септември 1942, загинал при несреќен случај, т.е. при недоволно внимателен пренос на пушки.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Загинати во Народноослободителната војна и Револуцијата (1941-1945)“ (македонски). Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. конс. 2011-01-09.