Прејди на содржината

Коста Дамјанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коста Дамјанов
Роден(а)Папрадиште, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1869
Ораовец, Османлиско Царство (денес Македонија)

Коста Дамјанов е македонски зограф, претставник на Дебарската школа.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во велешкото село Папрадиште и потекнува од големиот зографски род Рензовци. Татко му Дамјан и дедо му Јанкула исто така биле зографи и градители. Работел заедно со браќата Никола, Андреја и Георги, поради што е тешко да се посочи нивната индивидуална работа.

Едно од најпознатите дела на Коста Дамјанов е црквата „Света Троица“ во Врање, започната со градба во 1830 и завршена во 1859 година. Дека Коста Дамјанов бил главен мајстор на црквата се заклучува по натписот во неа „Новиѧ храмъ 1859... 5 день Майсторъ Коста Дамѧнов и руки Емануилъ Исковича Зографа от Велесъ“. Во тоа време неговиот брат Андреја Дамјанов веќе започнал со градба на нишката катедрала „Св. Троица“. Врањската црква има површина од 500 m2 и импресионира со својот величествен, едноставен изглед. Живописот во црквата исто така е дело на Рензовци.

Коста и брат му Никола се автори на црквата „Свети Спас“ во Ораовец, завршена во 1839 година,

Починал во 1869 година во Ораовец.