Георги Дамјанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георги Дамјанов
Роден(а)околу 1784
Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1880
Папрадиште, Османлиско Царство (денес Македонија)

Георги Дамјанов - македонски градител и зограф, претставник на Дебарската школа.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е околу 1784 година во дебарското мијачко село Тресонче, и потекнува од големиот зографски род Рензовци. Татко му Дамјан Јанкулов и дедо му Јанкула Силјанов исто така биле зографи и градители. Работел заедно со браќата Никола, Андреја и Коста, поради што е тешко да се посочи индивидуалната работа на секој посебно. По смртта на татко им, Георги го презема водството, и работи заедно со браќата, развивајќи значителна дејност. Четворицата браќа истовремено биле иконописци, резбари и градители. Со тек на времето секој од нив специјализира во некој од тие занаети. Браќата живееле во Папрадиште, од каде патувале по работа до различни краишта, стигајќи до Солун, Босна и Херцеговина.

Георги Дамјанов е автор на ерминија од 1832 година, чиј ракопис од 264 листа се чува во Универзитетската библиотека во Софија.

Починал во 1880 година.