Корисник:P.kotevski

Од Википедија — слободната енциклопедија

МОЗАИК

Мозаикот како дело преставува слика, добиена преку симбиоза на мали парчиња материјал. Материјалот може да биде скоро се, што би ги задоволило физичките и хемиските барања за долготрајност. Најчесто е камен, венецијанско стакло или  керамички плочки. Парчињата се спојуваат меѓусебно преку излевање на бел цемент. Постојат повеќе начини на изработка на мозаик, но најчестата поделба е на директен или индиректен во зависност од тоа дали се работи со инверзно(обратно) редење на материјалот, па потоа се лие или пак при самиот тек на работата се добива крајната слика на мозаикот.

Појава на мозаикот[уреди | уреди извор]

Во V век п.н.е. во Грција се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Најстарите мозаици во боја биле пронајдени Вавилон биле изработени од глинени топчиња. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат илузионизам и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на хеленизмот. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во римската уметност и тоа пред се подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Главно мозаиците во овој период се користеле за украсување на таваните и ѕидовите при што биле користени златни плочки за мозаикот да добие величествен карактер. Со надминувањето на Maniera greca во периодот на ”треченто”, опаѓа и интересот за мозаиците. Дури во т.н. југендстил доживува привремено оживување на интересот. Освен во кралските простории во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во социјалистичкиот реализам и морализмот.

Мозаиците во Античкиот свет[уреди | уреди извор]

Историјата на мозаиците почнува пред 4000 години или повеќе. Со користење на т.н. Теракота конуси се наметнуваат првите конструкции на мозаици како позадина за декорација на просторот. Во VIII век п.н.е. постоеле тротоари од камења во кои се користеле различни бои за да се создадат облици, иако овие мозаици требало да бидат неструктурирани декорации. Грците биле тие кои во 4век п.н.е. ја издигнале камената техника во уметничка форма, со прецизни биометриски облици, декоративни сцени од животот на луѓето и животните. Во II век п.н.е. се изработувале специфични прачиња ( tesserae ) кои биле користени за да дадат дополнителни детали во спектарот на боите на кои се работело. Користењето на малите прачиња tesserae кои биле големи неколку милиметри овозможиле претстава на слика. Повеќето од мозаиците се зачувани, како на пример pompeii кој бил изработен од грчки уметници.

Со проширувањето на Римската Империја се појавува и интересот за мозаици во Европа, иако нивото на вештината за изработка и уметниците од оваа област биле мали. Ако се согледаат Риско-Британските и Италијанските мозаици, ќе се забележи дека Британските примероци се поедноставни во дизајнот и помалку комплицирани во техниката. Типичните Римски мозаици се сцени од славењето на богатите, домашни теми и геометриски дизајни.

Византиски мозаици[уреди | уреди извор]

Со порастувањето на Византиската Империја во V век, во центарот на Византија (сегашен Истамбул, Турција) уметничката форма се базирала на нови карактеристики. Ова ги вклучило и источните влијаниа во стилот со што се користело и специјално стакло во tesserae облици наречени smalti изработувани во северната Италија. Smatli биле направени од дебели листови од стакло, кои имаат груба површина и содржеле мали воздушни меурчиња.

Исламски мозаици[уреди | уреди извор]

Во западна Европа Маврите го носат исламскиот мозаик и плочната уметност во Пиринејскиот Полуостров. Развојот на мозаичната уметност во исламскиот свет започнува во Vlll век. Камењата, стаклото и керамиката се главни средства кои се користеле. За разлика од сликовитата претстава на Византиските мозаици, Исламските мозаици се главно фигуративни и математички. Арапските земји имаат карактеристичен декоративен стил наречен ’’zillij’’. Каде се користеле намерно неправилни керамички облици изработени рачно. Примероците од Исламските мозаици можат да бидат видени во Шпанија, големата џамија Кораба и на др места.

Мозаиците од средно вековниот период[уреди | уреди извор]

Во текот на средниот век, интересот за мозаици во Европа се намалува. Но со процутот на плочната индустрија се враќаат мозаиците како мозаични плочни модели за религиозните згради. Плочните мозаици можат да се најдат во катедралата на Елу, во капелата Grauden, кои датираат од 1320год. Подовите на катердалите имаат декоративни сцени од Адам и Ева. Исто така имаме испреплетени шеми на плочки, кои ги вклучуваат и псевдо мозаиците.

Модерни мозаици[уреди | уреди извор]

Вообичаено кога станува збор за мозаик во денешно време луѓето според информациите што ги имаат од историјата, мислат дека се работи за нешто кое е поврзано со подните мозаици од историските локалитети или пак декорација на просторот. И затоа најчесто на мозаиците не гледаат како ликовно дело, туку како декоративна површина. Мозаиците се доста застамени во архитектурата како современи апликации на модерните ентериери. Ја наоѓаат својата примена во станбените, деловните, јавните, општествените и други простории. Изработката на мозаици во XXl век, се соочува со проблемот помеѓу сидирот на занаетчиство и уметност. Често одредени мозаици имаат двојна функција, како на пример поплечениот тротор со обични форми и големи плочки, кој наjчесто го изработуваат градежни работници. И се доведува прашањето дали овие поплочени тротоари да се сметаат за мозаици. Во светот има "уметници" кои се занимаваат со мозаикот за комерцијални цели. Препознатливи се, нивните продукти кои се многу допадливи, воочливи, "применливи". Најчесто мозаиците за комерцијални цели кои се направени од големи имиња, го ставаат само својот потпис и изработката на скицата а изработувачот е друг или одредена група. Актуелни се нови техники, истражување на нови материјали кои ја подобруваат и ја олеснуваат технологијата на изработка. Имаме тенденции за создавање на мозици со жици, врзани камчиња. Тие не се лепени класично на малтер, туку се поставени како да лебдат во просторот, или пак се редат едно врз друго.

Техники на изведботка и стилови[уреди | уреди извор]

Она што треба да се знае за изработката на мозаиците е дека постојат два главни аспекти стилот или Andamento и изработката.

  • Опус Regulatum-плочи поставени во обична мрежеста шема се нарекуваат regulatum, посебна лента се користи на краевите од мозаикот со што се затвора мозаикот. Овој вид на мозаик не дава некои резултаи кога се користи при поплочување на помала поврчина, за разлика од поголеми површини.
  • Опус Tesselatum вклучува користење на плочки за да се формира обична редена шема која се повторува. Меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал (т.н. фуги).
  • Опус vermiculatum составен е од поситни коцкички, меѓусебно тесно поврзани, така што одвај се гледаат рабовите и меѓупросторот меѓу нив. Коцкичките, главно се со иста големина, а изработени се од камен, стакло или глазирани парчиња керамика. Tesserae парчињата се поставени по должината во вид на контурите на сликата, опишувајќи ја нејзината форма. Сликата треба да даде динамична енергија, која е уникатна за овој вид на мозаици, но е потребен исклучително голем труд и висок степен на вештини за да се изработи ваков вид на мозаик.
  • Опус Classicum како што и сугерира името ова е традиционален стил кој е присутен кај големите римски мозаици на Левант. Оваа техника комбинира опус tesselatum со vermiculatum. Главно обиктите се во стилот на vermiculatum може да содржат повеќе редови, и обично имаат tesselled стил на позадина. Оваа техника создава многу силна остра и јасна слика.
  • Опус Palladianum Оваа техника дава помодерен изглед.

Tesserae деловите се сечат слични и се поставуваат испереплетени па можно е некои делови дури и да се покриваат, а помеѓу нив просторот е минимален или не постои.

  • Опус Musivum помодерен стил на мозаикот, што има развиено користење на уникатни својства на мозаик. Вклучува ексцентрична текстура, рефлексивноста и модели на различни големини на tesserae.

Мозаици во Македонија[уреди | уреди извор]

Мозаикот како ликовна техника во Македонија постои уште од антиката, кога е и најповеќе екплоатирана. Неговите  претходници потекнуваат од Месопотамија, каде се создаваат првите дела (рејлефи) добиени преку сложување на емајлирани плочки. Македонија како земја и македонскиот народ можат да се пофалат со прекрасно мозаично наследтсво уште од античкото време.  Македонците изработуваат прекрасни мозаици и создаваат свој посебен стил и посебен бренд наречен македонски мозаик чии остатоци денес ги среќаваме во Пела, Хераклеа и на др археолошки локации. Македонскиот мозаик се разликува со материјалот кој се користи за негова изработка. Тој е првиот мозаик кој се составува од необработен камен, со кружна форма и одредени нијанси на белата, црната, сивата боја, како и окерот. Во следните векови Македонците започнуваат со изработка на колористички мозаици, од обработен камен и таа традиција ја задржуваат се додека не згасне Источното Царство.