Корисник:LenceT/Рибник Бистра-Добреноец

Од Википедија — слободната енциклопедија

Се наоѓа во на само 11 км од '''Кичево''', на магистралниот пат '''Кичево-Охрид''' во село '''Добреноец'''. Нашиот рибник почитува одредени дефинирани правила при одгледувањето на пастрмките за добивање квалитетен финален производ: Храна за рибите: Постои специфичен протокол кој го почитуваме при хранењето на рибите кој се заснова на само-контрола на производството и употребата на храна врз основа на ниско ниво на масти. Вирусни болести: Отсуството на вирусни и бактериски заболувања е првиот елемент кој обезбедува стабилен и здрав раст на пастрмките. Вода: Водата е фактор од суштинско значење за здрав и стабилен раст на пастрмката. Водата со која се снабдува нашиот рибник е ладна, чиста и високо-квалитетна речна вода од најчистатат река река '''''Студенчица'''''. Овие точки претставуваат главна база при добивањето одличен квалитет на пастрмката, меко и вкусно месо богато со протеини, минерални соли и омега 3 масти.



Сопствено мрестилиште[уреди | уреди извор]



Рибникот има и сопствено мрестилиште во кое се одгледуваат рибите од нивното раѓање до големина од 1,5 до 2 грама. Потоа овие риби се пуштаат во рибниците наменети за Златна Пастрмка до 50 грама. Подмладокот од Златната Пастрмка е наменет за другите рибници кои не се во можност да започнат сопствен циклус на размножување.


Златна пастрмка[уреди | уреди извор]


Златната пастрмка потекнува од Северна Америка и е подвид на Калифорниската пастрмка. Еднинствената разлика помеѓу овие две риби е бојата која кај Калифорниската е кафеава а овој вид риба има изразита златна боја. И овој вир риба претпочита ладна, чиста и високо-квалитетна вода. Месото од овој вид риба има розевкаста боја и е висококвалитетно богато со протеини, минерали и омега 3 масти. Се продава свежа и приготвена во вообичаената големина за конзумирање од 250 до 400 грама.


Речна пастрмка[уреди | уреди извор]

речна пастрмка


Речната пастрмка (Salmo trutta fario) живее во многу чисти води, богати со кислород. Карактеристична е по нејзината златеникаво-кафеава и црна боја, како и по црвените дамки по целото тело. Освен за консумирање овој вид на риба се користи и за спортски риболов. Посебна убавина на рибите им даваат бројните тркалезни црни и јарко црвените пеги (последните опкружени со светол прстен), расфрлени по страните на телото, грбот, шкргите и грбната перка.Младите речни пастрмки имаат посветла боја. Се продава свежа и приготвена во вообичаената големина за конзумирање од 250 до 400 грама.


калифорниска пастрмка

Калифорниска пастрмка[уреди | уреди извор]


Калифорниската пастрмка потекнуваод Северна Америка и има извонредно стопанско значење во светот. Се карактеризира со дамки во различни бои и црвена линија по средината на телото. Претпочита ладна, чиста и високо-квалитетна вода. Оваа риба има високо квалитетно месо богато со протеини, минерали и омега 3 масти. Се продава свежа и приготвена во обичаената големина за конзумирање која се движи од 250 до 400 грама.


Крап[уреди | уреди извор]


Крапот е лесно препознатлива риба. Можеби најслична на нејзе е карашот, или амурот, но сепак крапот се препознава по доста специфичности.Телото на крапот е издолжено, заоблено и покриено со доста крлушка. Има силен опаш и долга и оштра грбна перка. На горната уста има два пара мали бркови. Бојата на телото му е жолтеникава, стомачниот дел му е прљавожолтеникава, а кон грбот бојата станува потемна, кон сива, иако ова немора да биде правило затоа што бојата на телото на крапот зависи од местото на негово живеење. Крапот најчесто се дели на питом (езерски) и див крап (речен). Речниот крап им подолго тело, а помала висина, некаде во сразмер 1:4, додека речниот крап е пократок, но подебел, односно повисок, во сразмер 1:2 или 1:2,5.

Lence Todoroska 15:47, 14 мај 2013 (CEST)

Овој корисник е член на вики-проектот
БИКМ 2013