Корисник:Kiril Samardzioski/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Kiril Samardzioski/ТестСтатија

Никола Груевски


Премиер на Република Македонија
Во служба
На функција од 
27 август 2006
Претседател Ѓорѓе Иванов

Роден 31 август 1970
Скопје, Република Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Боркица Груевска
Религија Православен христијанин

Никола Груевски (роден на 31 август 1970 во Скопје) е претседател на владата на Република Македонија од 27 август 2006. Тој исто така е лидер на ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година, а беше министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ до септември 2002 година.


ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА[уреди | уреди извор]

 
Податотека:Gruevski premier.jpg
Никола Груевски Премиер на Република Македонија


Министер за финансии[уреди | уреди извор]

По негова иницијатива се интензивира и практично започнува процесот на денационализацијата, при што се вратени голем број бесправно одземени недвижни имоти во периодот 1945-1990 г.


Премиер[уреди | уреди извор]

Во периодот на мандатот на премиерот Груевски се постигнаа значајни резултати во економијата, при што во областа на даночната сфера, се воведе концептот на рамен данок, а Македонија стана земја со најниски даноци во Европа. Обемот на инвестиции, споредено со претходните години, почна значително да расте (2007 – 2008). Во време на Никола Груевски како претседател на Владата на Република Македонија, државата доживеа највисоки стапки на економски развој (БДП) од осамостојувањето во 1991 година. Во 2007 година тој изнесуваше 5,9%, а следната 2008 година 5%, со истовремен силен раст на извозот. Истовремено, реализирани се низа на реформски зафати и проекти во насока на подобрување на бизнис-климата, започнати се значајни инвестиции во инфраструктурата, културата и спортот, а постигнат е напредок во борбата за намалување на криминалот и корупцијата. Реформите во образованието доведоа до тоа во 2008 година 95% од завршените основци да се запишат во средните училишта, а дури 85% од завршените средношколци да го продолжат своето образование на факултет. Истовремено, буџетот за образованието се подигна на ниво од над 5% од БДП, што претставува просек кој е соодветен или поголем од одредени земји на Европската унија и ОЕЦД. Во време кога Никола Груевски е премиер отворени се два нови државни универзитети и над 20 државни факултети, а голема експанзија има и во приватните високообразовни установи. Воедно, реализирани се значајни реформи и инвестиции во сферата на информатичката технологија и нејзиното приближување до младите генерации при што користењето на интернет кај населението се зголеми на 29% во 2008 година, во споредба со 13% во 2006 година. Спроведени се низа мерки во насока на подигнување на земјоделството и стандардот на земјоделецот, при што субвенциите за земјоделството се зголемија за 12 пати повеќе на годишно ниво (2009) во однос на периодот пред неговото доаѓање како претседател на Владата. По повторната изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори (1. VI 2008) Никола Груевски се здобива со уште еден четири-годишен мандат како претседател на Владата на Република Македонија.


Партиски лидер[уреди | уреди извор]

Под негово раководство ВМРО-ДПМНЕ се здоби со статус на набљудувач во Европската народна партија (2007) и во Меѓународната демократска унија (2008) а норвешката конзервативна партија Хојре, на ВМРО ДПМНЕ и ја додели наградата за придонес во унапредувањето на демократијата, човековите права, економските реформи и мирољубивата политика (2009).


ПРИВАТЕН ЖИВОТ[уреди | уреди извор]

 

Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (12. XII 2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза.

Тој има силна верба во Бога, а идеалот од кој што се раководи во текот на неговиот живот и работење е константна и исклучително посветена работа за доброто и просперитетот на неговата земја.

Оженет е со Боркица, со која има едно дете, ќерката Анастасија.