Конопи
Конопи | |
---|---|
Обичен коноп (Cannabis sativa) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Конопи Martynov[1][2] |
Родови | |
во текстот |
Конопи (науч. Cannabaceae) — мало семејство на цветни растенија со околу 170 видови во 11 родови. Тука спаѓаат конопот (Cannabis), хмељот (Humulus) и копривка (Celtis). Од нив, копривката е неспоредливо најголем род, со околу 100 вида.[1]
Со исклучок на заедничкото еволутивно потекло, членовите на ова семејство немаат многу заеднички особини.
Опис
[уреди | уреди извор]Растението од ова семејство можат да бидат дрва (на пр. копривката), исправени билки (на пр. конопот) или повивни ползавци (на пр. хмељот).[1]
Листовите се релативно дланчесто задлабени или дланчесто сложени. Секогаш имаат прилисници и цистолити, а некои членови имаат млечници (латицифери).
Многу од конопите се дводомни (посебни машки и женски растенија). Цветовите се зрачно симетрични и не се истакнати, бидејќи овие растенија се опрашуваат со ветерот. Како приспособување за вавквото опрашување, чашкините ливчиња се кратки и немаат венечни листови. Цветовите се групирани во чадорчиња. Машките соцветија се долги и личат на метлички, додека пак женските се пократки и имаат помалку цветови. Толчникот е сочинет од две стпоени прости толчничиња. Плдницата е обично издадена и еднокоморна. Бројот на прашници се разликува кај разни растенија.
Плодот може да биде семче или јатка.
Родови
[уреди | уреди извор]Семејството ги опфаќа следниве родови:[3]
- Aphananthe Planchon (syn. Mirandaceltis Sharp)
- Cannabis L. — коноп
- Celtis L. (syn. Sparrea Hunz. & Dottori) — копривка
- Gironniera Gaudich. (syn. Helminthospermum Thwaites, Nematostigma Planchon)
- Humulus L. (syn. Humulopsis Grudz.) — хмељ
- Lozanella Greenman —
- Parasponia Miquel —
- Pteroceltis Maxim. —
- Trema Loureiro (syn. Sponia Decaisne) —
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Stevens, P.F. (2001-) "Cannabaceae", Angiosperm Phylogeny Website посет. 25 февруари 2014 г
- ↑ Sytsma, Kenneth J.; Morawetz, Jeffery; Pires, J. Chris; Nepokroeff, Molly; Conti, Elena; Zjhra, Michelle; Hall, Jocelyn C. & Chase, Mark W. (2002), „Urticalean rosids: circumscription, rosid ancestry, and phylogenetics based on rbcL, trnL-F, and ndhF sequences“, American Journal of Botany, 89 (9): 1531–1546, doi:10.3732/ajb.89.9.1531, PMID 21665755
- ↑ Stevens, P.F. (2001-) "Cannabaceae Genera", Angiosperm Phylogeny посет. 25 февруари 2014 г
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Конопи“ на Ризницата ? |
- „Конопи“ — Енциклопедија на живиот свет
- Конопи на Викивидовите ?