Прејди на содржината

Конектикат против Ексон Мобил

Од Википедија — слободната енциклопедија

Конектикат против Ексон Мобил - судски спор за климатските промени покренат против Ексон Мобил за остварување на профит, иако биле свесни за штетите што ќе ги предизвика врз животната средина.

Во понеделник, на 15 септември 2020 година, јавниот обвинител на Конектикат Вилијам Тонг поднесе тужба против Ексон Мобил обвинувајќи ја компанијата дека нејзините производи придонеле за емисиите што предизвикуваат глобално затоплување и климатски промени. Државата „бара обесштетување за минатите, сегашните и идните штети од климатските промени, вклучувајќи ги инвестициите што веќе се направени, и настапува против дел од профитите на компанијата“.[1]

Конектикат го обвинува Ексон Мобил а погрешно информирање на инвеститорите за тоа како нивните производи придонесуваат за климатските промени. Тонг изјавува дека државата се соочува со „штети од милиони долари поради зголемувањето на нивото на морето, повеќе бури, зголемена ерозија и други влијанија од климатските промени“.[2] Тонг тврди дека Ексон Мобил знае дека согорувањето на фосилни горива влијае врз животната средина, но наместо да го признаат тоа, се обидуваат да ја измамат јавноста. Случајот беше поднесен до Врховниот суд во Хартфорд .[3]

Во моментов, постојниот случај помеѓу државата Конектикат и корпорацијата Ексон Мобил останува нерешен, и сè уште нема компензација за државата. По поднесувањето на тужбата во 2020 година, беше изјавено од страна на судијата Ричард Саливан во 2022 година, дека со оглед на сложеноста на ваквите случаи, државниот суд може да расправа дека Конектикат нема право на целосна компензација за штетите предизвикани од глобалното затоплување во последните половина век.[4]

  1. „Tong takes on ExxonMobil over climate change“. CT Mirror. 14 September 2020. Посетено на 14 September 2020.
  2. „Connecticut sues ExxonMobil over climate change, accusing energy giant of misrepresenting threats to the environment“. Courant. 14 September 2020. Посетено на 15 September 2020.
  3. „Conn. Latest State To Target Exxon With Climate Fraud Claims“. Law360. Посетено на 15 September 2020.
  4. „Oil industry seeks SCOTUS lifeline amid mounting setbacks“. ClimateWire. E&E News. 26 September 2022. Посетено на 27 April 2023.

Поврзано

[уреди | уреди извор]