Козета

Од Википедија — слободната енциклопедија
Козета
лик од Клетници
Илустрација на малечката Козета.
СоздавачВиктор Иго
Информации
АлијасУрсула
Чучулигата
Мадмозел Ланоар
ПрекарКозета
ПолЖенско
СемејствоФантина (мајка)
Феликс Толомеј (биолошки татко)
Жан Валжан (посвоителен татко)
РелигијаКатолик
НационалностФранцузинка
Родена во1815

Козета (француски: Cosette) — измислен лик од романот Клетници на Виктор Иго. Нејзиното родено име, Евразија е само кратко споменато, а името Козета по кое е позната всушност е прекар кој и го дава мајка и, што значи „малечко“, „нежно“, „ситно“.

Таа е ќерка на Фантина, која ја остава на грижа на семејството Тенардие, кои скришум ја малтретираат и злоупотребуваат за физичка работа. По смртта на Фантина, Жан Валжан ја извлекува Козета и ја одгледува како сопствена ќерка. Иако валкано и срамежливо дете Козета пораснува во прекрасна и нежна девојка. Набргу се заљубува во младиот адвокат, Мариус Понмерси со кој се венча на крајот од романот. Нејзиниот лик е директно спротивставен со ликот на Епонина, која наспроти нежната, женствена, доблесна Козета, е груба, парталава, борбена и дрска.


Наводи[уреди | уреди извор]