Кодер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример за кодер

Кодер – комбинаторно коло во дигиталната електроника кое врши кодирање. Кодирањето е потребно за да може информацијата да се обработува во дигиталниот систем. На пример, од тастатурата на калкулатор или сметач со посредство на кодер се генерира комбинација од логички нули и единици. Кодот генериран од кодерите може да биде природен бинарен код или зададен со табела, каде на секој сигнал му одговара одредена комбинација на нули и единици, како што е случај со азбучнобројчените кодови.

Кодерот се состои од n излези, додека може а има 2n (потполн кодер) или 2n-1 (непотполн кодер) влезови. Кодерите исто така изискуваат влезови за напојување и маса.