Кнешпоље

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кнешпоље.

Кнешпоље, или Кнежопоље, претставува територија на просторот Поткозарје и планината Козара, во северозападниот дел на Република Српска, БиХ.

Географија[уреди | уреди извор]

Границата на Кнешпоље оди по Уна од Козарска Дубица до Српска Костајница, од каде оди со реката Стригова на шумите Пастирево и Каран, па понатаму ги опфаќа селата Горња и Доња Јутрогошта, Црна Долина и Велико и Мало Паланчиште, преоѓа преку Козара и избива на селото Моштаница, а од таму по патот на Моштаница-Дубица се спушта повторно на Уна.

На овој простор сместени се педесетина кнежополски села, од кои поголеми се: Кнежица, Читлук, Стригова, Побрѓани, Велико и Мало Двориште, Горња Јутрогошта, Доњи Јеловац, Паланчиште, Крива Ријека, Градина, Меѓувоѓе, Мљечаница, Слабиња, Шеварлије, Брекиња и други.

Во литературата[уреди | уреди извор]

Поетот и писател Скендер Куленовиќ за место во своето епохално дело „Стојанка мајка Кнежополка“ го избрал Кнешпоље, каде го опишал страдањето на Србите од усташкиот геноцид, и тажењето на Стојанка, мајката на Срѓан, Мрѓан и Млаѓен, над своите мртви синови.

Народни обичаи[уреди | уреди извор]

Кнешпоље е област со посебни народни обичаи.[1] Од народните песни се пеат ојкачи, кои се изведуваат со најмалку три пејачи и без инструментална музика.[1] Од ора се изведува козарачко коло.[1] Традиционален инструмент е тамбурица.[1] Женската кнешполска народна носија се состои од бошќе (марама), кошула и прегача, а мажите носеле шешири.[1]

Ој Кнешпоље, мили завичају, родна грудо мој зелени гају, ђедов прагу, очева колијевко. Драго си ми ко мајчино млијеко, кроз године и кроз покољења, огледало части и поштења. Врело буне и гњјезда јунака, гдје је пушта ко сестра и мајка, кроз живот ме прати пјесма твоја, ој дјевојко драга душо моја.[1]


Жители[уреди | уреди извор]

Жители се нарекуваат Кнежополци и Кнежополки и припаѓаат на Краишниците.[1]


Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Огњишта: Кнежопољско прело“ (ср). Радио-телевизија Републике Српске. 11. 3. 2012. Посетено на 13. 3. 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]