Прејди на содржината

Киселицовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киселицовидни
Ceratopetalum apetalum
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Киселицовидни
Фамилии

Во текстот.

Киселицовидните (науч. Oxalidales) се ред на цветни растенија од подгрупата розиди на евдикотите. Во него спаѓаат следниве фамилии:[1]

Фамилијата Cephalotaceae содржи само еден вид, кој е бардаче што се среќава во југозападна Австралија.

Во постариот Кронквистов систем, највеќето горенаведени фамилии биле сместени во Rosales (Розовидни). Oxalidaceae припаѓале на Geraniales (Здравцовидни), а Elaeocarpaceae биле распоредени во Malvales (Слезовидни) и Polygalales (Млечнотревовидни). Во вториот случај како Tremandraceae.

  1. Филогенија на скриеносемениците - П.Ф. Стивенс (2001-), верзија 9, јуни 2008 (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]