Прејди на содржината

Кањон на Вучјанка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кањон

Кањон на Вучјанка — кањон, дел од долината на реката Вучјанка, десна притока на Ветерница во јужна Србија. Вучјанка се создава со спојување на Голема и Мала река кај Јасичко Рамниште, на ерозивното проширување каде се наоѓа хотелот „Влаина” (686 м).[1]

Кањонот е засечен во северната падина на планината Кукавица и се наоѓа 18 км југозападно од Лесковац. Кањонска форма речната долина добива под селото Збежиште и на потегот Сколица. Кањонот е долг 2 км, засечен помеѓу врвовите Китка (988 м) и Самариц (619 м). Влезот во кањонот се наоѓа на околу 500 метри н.в., а излезот е на околу 340 метри н.в. На една истурена стрмна карпа на левиот брег на кањонот, на 150 м над реката, се наоѓа Зелен Град. На излез од кањонот се наоѓа хидроелектрана Вучје, изградена во 1903 година.[2]

Коритото во кањонот е полно со „вирови”, водопади и слапови. „Вировите” привлекуваат посебно внимание на луѓето и всушност претставуваат камени лонци или казани. Тие се флувијално ерозивни форми кои се создаваат на места каде се јавува силна еворсија, водовртежно движење на водената маса и речниот материјал кој таа го носи. Со текот на времето на тие места се формираат бунарести вдлабнатини во карпесто речно корито. Лонците во кањонот се познати под називот Ѓокини Вирови. Тие се вдлабнати во кристалестите шкрилци а подредени се степенесто, едни под други, од најголем до најмал. Претставуваат туристичка атракција не само во Вучје туку и во целата Лесковачка општина.[1]

Од водопади дсе истакнуваат:

  • Водопад на безимениот поток со височина преку 30 метри, од каскаден тип и со периодичен карактер. Се наоѓа 100 метри над хидроелектраната Вучје, од десната страна на коритото на Вучјанка.
  • Водопад покрај хидроелектраната, од левата стран на коритото на Вучјанка, од каскаден тип висок преку 40 метри и секогаш има вода.

Останатите водопади се со помала височина и се наоѓаат на самата река Вучјанка.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Богојевић, Ана (2004). „ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКЕ И АНТРОПОГЕНЕ ОДЛИКЕ ВУЧЈА“. ЛЕСКОВАЧКИ ЗБОРНИК. Лесковац: Народни музеј - ЛЕСКОВАЦ: 344. ISSN 0459-1070.
  2. Kukavica