Католицизмот во Ерменија
Католичката црква во Ерменија — дел од светската Римокатоличка црква, под духовно водство на папата во Рим. Според пописот од 2011 година, 13,843 католици живеат во Ерменија и претставуваат околу 0.46% од вкупното население.[1] Католиците во Ерменија припаѓаат на две посебни цркви, Римски обред или Западен обред (кој ги вклучува најголемиот дел од католиците во светот) и Ерменската католичка црква.
Територијалната надлежност и епархии
[уреди | уреди извор]Католиците во Ерменија се поделени според две одделни територијални власти. Католиците според Римскиот обред се дел од Апостолската администрација, додека Апостолската администрација на Кавказ и католиците според Ерменскиот обред кои припаѓаат на Ерменската католичка црква се дел од ординаријатот на верниците од источниот обред, кој исто така ги вклучува и членовите на Ерменската католичка црква во Источна Европа.
Во рамки на Ерменија
[уреди | уреди извор]Католиците секогаш живееле одделно од заедниците на Ерменската апостолска црква (Древноисточна црква, која ги вклучува повеќето Ерменци како членови) и бракот вон заедницата не била многу честа појава. Некои од Апостолиците ги нарекуваат ерменските католици "Франки" поради влијанието на француските католички мисионери.[2]
Ерменските католици традиционално живееле во провинцијата Ширак, посебно во следниве 7 села: Аревик, Паник, Ланџик, Азатан, Ѕитанков, Мец Сепасар, Ашоцк. Во покраината Лори, католиците главно живеат во: Ташит, Катнарат, Катнагбјур, Петровка, Саратовка и Благодарноје.
Малиот број Полјаци кои останале во Ерменија, заедно со некои нови имигранти кои се католици (Римски обред) живеат во Ереван.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population Census 2011: Population (urban, rural) by Ethnicity, Sex and Religious Belief“ (PDF). armstat.am. National Statistical Service of the Republic of Armenia.
- ↑ „A New Start for Armenia's Catholics“. National Statistical Institute. 2006. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2006-09-03.