Прејди на содржината

Кармине (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кармине“ — југословенски тв-филм од 1978 година, во режија на Иван Хетрих (Ivan Hetrich), снимен по сценариото на Иво Штивичиќ, засновано врз драмата „Крчмата Широко грло“ на Аугуст Цесарец од 1921 година (првпат објавена во 1965 година). Улогите ги играат: Крешимир Зидариќ, Емил Глад, Јосип Мароти, Хермина Пипиниќ, Драган Миливојевиќ, Амир Буквиќ, Звонимир Зоричиќ, Нева Рошиќ, Круно Валентиќ и Сабрија Бисер. Главен снимател бил Маријан Перчиниќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Непосредно по погребот на еден угледен банкарски советник, во крчмата покрај Мирогојските гробишта во Загреб се среќаваат роднините и пријателите на покојникот, отворајќи некои тешки и темни теми од сопствените животи...