Карачај (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Езеро Карачај
Сателитска снимка/мапа од езерото Карачај
ПодрачјеРусија
Координати55°40′42″N 60°47′59″E / 55.67833° СГШ; 60.79972° ИГД / 55.67833; 60.79972

Карачај (руски: Карача́й) — мало езеро во Јужен Урал во западна Русија. Од 1951 година,[1] во времето на Советскиот Сојуз, ова езеро се користело за складирање на радиоактивен отпад од околните фабрики за репроцесирање на јадрениот отпад, Мајак, кој се наоѓал блиску до градот Озјорска (тогаш познат под името Чељабинск-40).

Моментален статус[уреди | уреди извор]

Според истражувањето за јадрениот отпад извршено од Ворлдвоч Институтот од Вашингтон, езерото Карачај било најзагаденото место на Земјата.[2] Езерото акумилирало околу 4,44 екс бекерели (EBq) радиоактивност,[3] вклучувајќи 3,6 EBq цезијуми-137 и 0,74 EBq стронциум-90.[1] При пореметувањето на работата во Чернобилската несреќа било испуштено помеѓу 5 и 12 Ebq радиоактивност, но ова зрачење не било концентрирано на едно место.

Нивото на зрачење блиску до местото каде што се наоѓа радиоактивниот отпад бил складиран во 1990 година, изнесувал 600 рендгени според часовникот, по тврдењата на американскиот Совет за одбрана на природни ресурси од Вашингтон,[4][5] што е повеќе од доволно за човек да се изложи на смртоносна доза на зрачење за помалку од еден час време.

Историја[уреди | уреди извор]

Почнувајчи од шеесеттите години на дваесеттиот век, езерото почнало да се суши, неговата површина паднала од 0,5 км² до 0,15 км² до крајот на 1993 година.[6] Во 1968 година, после сушата која ја погодила областа, ветерот разнел радиоактивни честички од исушеното корито на езерото, изложувајќи на радиоактивност пола милион луѓе.

Помеѓу 1978 и 1986 година, езерото било исполнето со 10,000 шупливи бетонски блокови со што би се спречило померување на седиментот.[7]

Видете уште и[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Езеро Карачај“. Архивирано од изворникот на 2005-12-28. Посетено на 2011-07-05.
  2. Lenssen, -{"Nuclear Waste: The Problem that Won't Go Away", Worldwatch Institute, Washington, D.C., 1991: 15.}-
  3. Чељабинск-65
  4. -{NRDC (Nuclear Program Staff Publication) nuc_01009302a_112b.pdf}-[мртва врска]
  5. „-{Wise Nc; Soviet Weapons Plant Pollution}-“. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на 2011-07-05.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-10-04. Посетено на 2011-07-05.
  7. „Како би помогнале во спречување на таква смртоносна контаминација од воздухот, руските инженери постепено го покривале езерото Карачај со камења и бетонски блокови, што претставувало контроверзен метод на санација.“ - http://www.ehponline.org/docs/2001/109-4/focus.html Архивирано на 15 мај 2009 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]