Казан (готвачки сад)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |



Казан или козон (узбечки: qozon; [қазан] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help); [казан] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help)) — вид голем готвачки сад кој се користи во Средна Азија, приближно еднаков на бојлер или на сач. Тие постојат во разни големини (малите модерни готвачки садови се нарекуваат понекогаш казани), и често се мерат по нивниот капацитет, на пример „50-литарски казан“. Казаните се користат за приготвување на разни оброци, како на пример плов, сумалак, шорпа и баурсаки, и поради тоа се важен елемент при прославите, кога се приготвува храна за голем број на гости.
Казаните може да се поставуваат над огнот на повеќе начини. Понекогаш се користат метални рамки, или пак (особено за големите казани) може да се ископа дупка во земјата која што ќе го држи казанот и ќе овозможи да има доволно простор да гори оган под него.