Итало Звево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Итало Звево

Итало Звево (Трст, 19 декември 1861Мота ди Ливенца, 13 септември 1928) бил италијански писател, автор на романи со кратки приказни и драма. Пишувал на италијански јазик.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден во ноќта помеѓу 19 и 20 декември 1861 година. Итало бил петтото дете од вкупно девет деца во неговата фамилија. Италовиот татко, Франц Шмиц бил германски трговец, а неговата мајка, Алегра Моравија била Италијанка.

Неговиот татко во 1874 година, го испратил Звево заедно со неговите браќа Адолф и Ели да студираат во Зегниц во Бавраска, таму студирал германски јазик и останати предмети корисни во трговијата.

После неговата смрт е признат како еден од најважните модерни италијански писатели. Кога почнувал да работи тој бил скромен и работел приватно. Неуспехот на неговите романи го натерал повеќе да и се посвети на трговијата и работата. Додека патувал во Англија, 1907 година го запознал Џејмс Џојс и го повикал во Трст како негов италијански инструктор. Тој бил воодушевен од она што му го покажал Звево: двајцата биле на истата песна. Тоа го охрабрило Звево повторно да почне да пишува. Во своите три романи тој прикажал потресна слика на буржоазијата во неговото родно место Трст. Тој пишувал и комедија.

Главниот лик во најпознатиот роман на Звево, Зено, бил богат трговец од Трст, кој одлучил да ја напише својата животна приказна. Тој со иронија ги гледал својот живот и својата работа и својата жена.