Исхак Бахар Шамуел Адраби
Изглед
Исхак Бахар Шамуел Адраби (Солун, 1520 – ?) бил рабин, автор на 30, главно филозофски трудови, од кои најзначаен е во почетокот „Divre Salom“ („Зборови на мир“), отпечатен во Венеција во 1586 година.[1] Трудот претставува филозофско дело, во кое авторот докажува дека светот произлегол од хаос. Пишувал и други филозофски дела за суштината на душата и за смислата на животот.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Стојановски, Александар (1998). Историја на македонскиот народ (2. изд.). Скопје: Институт за национална историја. ISBN 9989624437.
- ↑ Еврейски извори за обществено-икономическото развитие на балканските земи през XVI век, I, София 1958