Прејди на содржината

Исповед (расказ на Иво Андриќ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Исповед (српски: Ispovijed) - расказ на писателот Иво Андриќ.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Селанецот Петар Љољо пристигнува во католичкиот манастир, со молба игуменот да испрати еден калуѓер за да го исповеда познатиот разбојник Иван Роша, кој тешко болен се вратил во родниот крај. Калуѓерот Марко се нафаќа да ја изврши задачата и заедно со Љољо оди во пештерата каде лежи разбојникот. Тој најпрвин одбива да се исповеда, но по упорното убедување најпосле се согласува. Во долгата исповед, калуѓерот излегува вџашен од бројните страшни гревови кои ги направил разбојникот. Кога сака да се врати во манастирот, Љољо го повикува да се врати и тие го наѓаат Роша умрен, потпрен на едно млада јасика. Враќајќи се кон манастирот, фра Марко постојано се прашува, зошто луѓето прават гревови.[1]

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Четири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.[2]

  1. „Ispovijed“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 115-129.
  2. Velibor Gligorić, „Beleška o piscu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 163-164.