Исмаил Лумановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исмаил Лумановски
Роден(а)19 август 1984
Битола, Македонија Македонија
Занимањекларинетист
Познат(а) повиртуоз на грната

Исмаил Лумановски (Битола, 19 август 1984) — македонски и американски кларинетист, познат виртоуз на грната.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Лумановски е роден во Битола во Ат пазар маало на 19 август 1984 година во музичко семејство. Неговиот татко Ремзи е познат изведувач на народни песни од целиот Балкан. Почнал да свири кларинет уште на осумгодишна возраст. Уште со незавршено средно музичко училиште во Битола, Лумановски бил посочен како мошне талентиран и перспективен. Потоа со меѓународна стипендија заминува во Мичиген, САД, каде што не само што го завршува средното образование, туку како еден од подобрите ученици во класата на Панде Татарчевски е испратен на школување на познатиот Џулиард универзитет во Менхетен, Њујорк. Неговото дебитирање во САД бил настапот на Првиот кларинетски концерт на Вебер во Интерлохен, Мичиген во 2002 година. Тој има музичка диплома од престижниот Juilliard School of Music од Њујорк. Тој е член на музичка група во класичен стил, а исто така и поширок музички репертоар. Лумановски има настапувано во САД, Европа, Блискиот Исток и Кина. Има настапувано на многу сцени како Rathaus (Виена), Carnegie Hall (Њујорк), SummerStage (Њујорк), Salle Pleyel (Париз), Emirates Palace (Абу Даби) American University (Дубаи), Kartaj (Тунис), Kenedy Center (Вашингтон), Peter Jay Sharp Theatre (Њујорк), Avery Fisher (Њујорк), Beijing Concert Hall (Пекинг), Luzerner Saal (Луцерн) и Severance Hall (Кливленд).

Добитник е на многу награди како: 1во место на 23тиот, 24тиот и 25тиот натпревар по кларинет во Македонија, Натпреварот Juilliard Clarinet Concerto , Меѓународниот натпревар на млади артисти во Бугарија, Националниот фолк музички натпревар во Македонија и второ место во Натпреварот по кларинет Andreas Makris , во Колорадо. Освен тоа Лумановски ја има освоено двапати наградата “Fine Arts” на Академијата Interlochen Arts. Исто така има освоено прва награда на музичкиот натпревар Arriaga Chamber . За неговите настапи имаат пишувано пофални зборови бројни музички критичари и угледни медиуми како New York Times. Дипломец е на престижната музичка акедемија Џулијард и претендира за магистратура и е добитник на стипендиите Satterhwaite Scholarship, Benjamin and Hadassah Michtom Scholarship и Martha Dwight Douglas Memorial Scholarship. Лумановски на професионален план соработува со извонредни и талентирани музичари како: Marcel Khalife, Al Di Meola, Husnu Senlendirici, Ivo Papazov, Selim Selser, Vasilis Saleas, Selloane Nkhela, Zulfu Livaneli и Yeni Turku. Лумановски исто така извонредно импровизира и изведува македонска, турска и ромска музика, а во поново време има одржано турнеи со реновираниот бенд New York Gypsy All-Stars и со нив има настапувано низ САД и Турција. Делата на Лумановски исто така може да се слушнат на аудио записите со Liquid Clarinets, New York Gypsy All-Stars, Grneta Ensemble, Balkan Beat Box и Love is the way. Често настапува и во Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]