Илуминирани ракописи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мирослављево јеванђеље, средновековен ракопис кој се чува во Народниот музеј во Србија
Илуминацији
Папирус Романце, фрагмент на свиток од 2 век има најстари сочувани илуминацији. Национална библиотека, Париз

Илуминирани ракописи и илуминација (живописи на ракописи од средиот век) се со живописи украсени средновековни ракописи. Сликите во нив се работни со живи бои, а некои делови се украсувани и со злато. Уметник кој работел илуминации се нарекувал илуминатор. Најпрво авторот на текстот ќе го напишел ракописот, а потоа ќе го прател на илуминатор на конечна обработка.

За изработка на живописи се употребувале проѕирни или матни бои, а златото се нанесувало во ливчиња или во прав. Во почетокот било користено злато со боја на бакар, а нешто подоцна злато со црвеникав отсјај.

Ракописите во повеќето случаи биле пишувани на латински језик. Повеќето илуминатори не знаеле да пишуваат и биле неписмени, па авторите ги пишувале сите букви аа да не погрешат илуминаторите. Илуминатори ги украсувале и почетните големи букви. Овие букви се нашѓале на почетокот на книгата, на почетокот на страницата или деловите. Бојата илуминаторот сам си ја приготвувал и ја нанесувал во неколку слоеви поради сенките. Најпрво ги боел мотивите со една боја, а потоа приступувал кон боење на другите делови со друга боја.

Илуминации имаат своја дамнешна историја и почетоци уште од Египет каде свитоците се украсувале со слики, а се среќава и во грчките и коптските книги од 4 век п. н. е., меѓутоа најзначаен развој се случил восредниот век. Иницијали во античките ракописи биле повеќе или помалку геометризирани, иако се јавуваат и растителни мотиви. Во средниот век илуминирање било спроведено и на рабовите на страниците. Бидејќи пишување и сликање на ракописи со живописи барало многу време – неретко и повеќе години – голем број ракописи останале неукрасени. Во времето на романиката се појавуваат илуминации на библијата и црковените книги. Мирослављево евангелие од 12 век е најочуван и најубав примерок на српски илуминиран црковен ракопис. Во 13 век, во времето на готиката и кога се појавуваат првите книги патописи, епика и образовна литература, многу од нив биле украсувани со илуминации. Работилници на Арапи, Персијци, Тураци и Индијци, кои го негувале исламот во 15 век и кои биле врвни илуминатори, создале илуминации со минијатури во сини нијанси и со златни украси, кои се сметаат за најубави во светот.

На преминот од 15 и 16 век кога многу книги имале обелег на ренесанса и кога е откриено печатарството, уметноста на илуминација постепено изумира.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]