Илинден Спасе

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илинден Спасе - албански писател од македонско потекло, и син на писателот Стерјо Спасе.

Илинден Спасе е роден во април 1942 година во селото Глобочани, Долна Преспа, околија на Корча, Република Албанија. Основното образование го завршил во родното место, а дипломирал на филологија на Универзитетот во Тирана. Работел како учител, уредник, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен уредник на Издавачкиот совет на Институтот за педагошки студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за педагошки студии.

Илинден Спaсе пишува на албански и македонски јазик. Автор е на две збирки раскази. Друштвото на писатели на Македонија го има прогласено за свој почесен член.