Иван Косанчиќ ги прогонува Турците

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Косанчиќ ги прогонува Турците (српски: Косанчић Иване уходи Турке) - српска епска песна

Содржина[уреди | уреди извор]

Милош Обилиќ го прашува Иван Косанчиќ: дали има многу Турци на Косово и дали спрската војска може да победи? Иван му одговара дека веќе 15 дена оди наоколу, а турската војска нема крај. Исто така, Милош го прашува каде е шаторот на царот Мурат, зашто се заколнал дека ќе го убие. Иван го одвраќа Милош од неговата смела намера, сметајќи ја за неостварлива. Тогаш, Милош го моли да не му ја кажува вистината на кнезот Лазар за да не се исплаши српската војска, туку да му рече дека турската војска може да биде победена, зашто војниците и коњите им се болни.[1]

За песната[уреди | уреди извор]

Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од татко му Стефан Караџиќ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 146-147.
  2. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.