Иван Антоновски
Иван Антоновски | ||
Роден | 30 јули 1990 Скопје, СФРЈ (денес Македонија) |
---|
Иван Антоновски (Скопје, 30 јули 1990) — македонски поет и есеист, книжевен критичар, книжевен преведувач и публицист. Работи како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1990 година во Скопје. Автор е на повеќе книги поезија, проза, есеистика и публицистика, а застапен е во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии и зборници. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како првенец на генерацијата. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.
Творештво
[уреди | уреди извор]Поезија
[уреди | уреди извор]- Крикови од неископан гроб, Скопје, Панили, 2013
- Обиди за (пре)создавање песна, Белград, Граматик, 2021 (избор, на српски)
Есеи
[уреди | уреди извор]- (Не)отворени прашања, 2014
- Острење од тапоста, 2015
Студии
[уреди | уреди извор]- Идентитетот е приказна (книга за есеистиката на Горан Стефановски), Скопје, Полица, 2022
- Просто и строго – Конески, Скопје, Матица македонска, 2023
Публицистика
[уреди | уреди извор]- Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов, Скопје, Дијалог, 2023
Хибридни форми
[уреди | уреди извор]- Обиди за (пре)создавање песна, (поезија и есеи), 2017
Антологии
[уреди | уреди извор]- Ветерот носи убаво време, (коприредувач), 2012
- Од копнеж до ерос, (македонска љубовна лирика), 2013
- Ново раѓање на зборот, (коприредувач) 2023
Награди
[уреди | уреди извор]Иван Антоновски е прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му е доделено признанието „Успешни млади“. Добитник е на повеќе награди, како:
- „13 Ноември“ на Град Скопје.
- „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ.
- „Тодор Чаловски“ што ја доделува Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ (2016).
- Наградата за необјавена песна „Антево слово“ (2021).
- Наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ (2023).
- Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади за книгата „Бакнежи на небото“ (2024).[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Од Иван Џепароски до Жарко Кујунџински: Соопштени годишните награди на ДПМ за 2024“. Независен. 11.02.2025. Посетено на 11 февруари 2025. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)