Збирна шпедиција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Збирна – групна шпедиција постои кога шпедитерот истовремено (во исто превозно средство, со иста превозна исправа) испраќа и доставува стока што им припаѓа на разни негови комитенти. Во овој случај шпедитерот со транспортното претпријатие склучува еден единствен договор за превоз и тоа, по правило, во сопствено име и за сопствена сметка, а потоа му дава на превозникот посебни налози за предавање на стоката на определени примачи.