Зачувани грофовии во Велс
Изглед
Зачувани грофовии | |
---|---|
Категорија | Намесништва |
Место | Велс |
Создал | Закон за локалната самоуправа (Велс) 1994 (c. 19) |
Создадена на | 1 април 1996 |
Број | 8 (2008) |
Зачуваните грофовии (англиски: preserved counties; велшки: siroedd cadwedig) се области во Велс што служат за церемонијални цели на намесништвото и шерифството. Формирани се на основа на грофовиите воспоставени со Законот за локалната самоуправа од 1972 (Local Government Act 1972),[1] а служеле и за самоуправни и други цели во периодот од 1974 до 1996.
Список на зачувани грофовии
[уреди | уреди извор]Податоците за населението се проценка за средината на 2007 г. на Службата за национална статистика. Составните унитарни управни подрачја се групирани по нивните зачувани грофовии.[2]
Назив | Опфаќа | Површина (км²) | Население |
---|---|---|---|
Клуид | Конви, Денбишир, Флинтшир, Рексам | 2.910 | 491.100 |
Дивед | Кармартеншир, Кередигион, Пембрукшир | 5.780 | 375.200 |
Гвент | Блајнај Гвент, Карфили, Монмутшир, Њупорт, Торвајн | 1.553 | 560.500 |
Гвинед | Гвинед, Англси | 3.262 | 187.400 |
Среден Гламорган | Бриџенд, Мертир Тидвил, Ронда Кинон Тав | 781 | 423.200 |
Повис | Повис | 5.196 | 132.000 |
Јужен Гламорган | Кардиф, Долина Гламорган | 475 | 445.000 |
Западен Гламорган | Нит Порт Толбот, Свонзи | 820 | 365.500 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Закон за локалната самоуправа 1972 - текст (англиски)
- ↑ Statistics.gov.uk
|