Засекогаш Алис

Од Википедија — слободната енциклопедија

Засекогаш Алис (англиски: Still Alice) - американски филм 2014 година, во режија на Ричард Глејчер и Вош Вестморленд. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Џулиен Мур, Алек Болдвин и Кристин Стјуарт.

Содржина[уреди | уреди извор]

Алис е среќно омажена жена, со три возрасни деца. Таа е позната професорка по лингвистика, која наеднаш започнува да заборава некои зборови, поради тоа што се наоѓа во почетниот стадиум на Алцхајмеровата болест. Така, таа мора да се бори за својот живот и истовремено да ги координира бракот, работата и децата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Засекогаш Алис“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 22.