Замок Валдемар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот Валдемарс, Тасинге

Замокот Валдемар — замок сместен на островот Тасинге во близина на Свендборг во Јужна Данска.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот Валдемар бил нарачан од кралот Кристијан IV (1588–1648) и изграден помеѓу 1639 и 1644 година според плановите дизајнирани од архитектот Ханс ван Стинвинкел ди (1587–1639). Тоа не било утврдување, туку голем велепоседнички дом. Кралот Кристијан бил добро познат по неговиот интерес за градење. Тасинге, островот на кој Кристијан планирал да го изгради Валдермаровиот дом, и припаѓал на неговата баба Елен Марсвин. Тој имал намера новата палата да стане дом на неговиот син Валдемар Кристијан (1622–1656), чија мајка била Кирстин Манк. Валдемар Кристијан никогаш не го земал имотот, бил убиен за време на една битка во Полска во 1656 година. Во 1678 година, поморскиот херој, адмирал Нилс Јуел (1629–1697) ја добил титулата на замокот и земјата на Тасинге по неговата победа над Шведска во битката кај Коге. Имотот му бил пренесен како исплата за шведските бродови заробени во битката.[2] [3]

Денес[уреди | уреди извор]

Керолин Флеминг (родена 1975 година како бароница Каролина Елизабет Ада Иуел-Брокдорф, во замокот Валдемар) е данска благородничка, претприемач, модел и ТВ лице; таа е моментална сопственичка на замокот Валдемар од 2003 година. Таа е 11-та генерација на семејството Џуел.

Претходна сопственост[уреди | уреди извор]

Претходниот сопственик, баронот Нилс Крабе Иуел-Брокдорф, кој е 10-та генерација на семејството Џуел, го презел својот дом од својот татко во 1971 година и живеел во замокот со сопругата и семејството до неговата смрт на 20 јануари 2017 година. Замокот Валдемар е отворен за јавноста од 1974 година. Замокот е отворен од мај до октомври и на државни празници. Се одликува со голема капела, музеј на играчки, голема колекција трофеи од дивеч на семејството Иуел-Брокдорф и локален поморски музеј. Тој е блиску до брегот, и многу посетители патуваат од Свендборг користејќи го ветеранскиот ферибот Хелге.

Галерија[уреди | уреди извор]

Панорами[уреди | уреди извор]

Замокот Валдемар
Замок и порта
Пристаниште за траект
Поглед од пристаништето

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Valdemars Slot“. Danske Herregaarde. Посетено на 1 August 2020.
  2. „Hans van Steenwinckel d.y.“. Den Store Danske. Посетено на 1 August 2020.
  3. „Valdemar Kristian“. Nordisk familjebok. Посетено на 1 August 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]