Свендборг
| Свендборг | ||
|---|---|---|
| ||
| Население (2012) | 26.897 | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Postal codes | 5700 | |
| Мреж. место | http://svendborg.dk/ | |
Свендборг е значаен град во Данска, поточно во јужниот дел на државата. Денес Свендборг има околу 27.000 жители во градот и 59.000 во поширокото градско подрачје.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Свендборг се наоѓа во јужниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот Свендборг е оддалечен само 220 километри југозападно.
Релјеф: Градот Свендборг се наоѓа во југоисточниот дел на данскиот островФин, на место каде му се приближува помал остров Туро. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 50 метри.
Клима: Климата во Свендборг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Свендборг се формирал на морскиот канал кој ги разделува островот Фин и островот Туро.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето Свендборг било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во 1200 година. Населбата градскит еправа ги добила во 1253 година.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Свендборг има околу 27.000 жители во градските граници и околу 59.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Свендборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Стариот дел на Свендборг со старата црква
- Најстарата градска куќа, денес Градски музеј
- Музеј "Натурама"
- Градско пристаниште
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Свендборг“ на Ризницата ? |
|