Жичница на замокот Буда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жичница на замокот Буда
Logo budavarisiklo.svg
Budapest Funicular R01.jpg
Жичницата во Будимпешта, со кабината БС1 „Маргит“ во преден план и Сечењиевиот ланчен мост во позадина
Преглед
Состојбаво употреба
МестоБудимпешта
Координати47°29′52.01″N 19°2′21.44″E / 47.4977806° СГШ; 19.0392889° ИГД / 47.4977806; 19.0392889Координати: 47°29′52.01″N 19°2′21.44″E / 47.4977806° СГШ; 19.0392889° ИГД / 47.4977806; 19.0392889
Опслужување
ВидЖичница
Превозник/циBKV (Транспортно претпријатие Будимпешта)
Историја
Пуштена1870 (1870)
Технички
ПругиДвоен колосек
Колосек1.435 мм (4 ст 8 12 in) нормален колосек
Најг. наклон31.75°

Жичница на замокот Буда или Будавари Сикло — жичница во градот Будимпешта, Унгарија. Ги поврзува плоштадот Адам Кларк и Сечењиевиот ланчен мост на ниво на реката со замокот Буда погоре.

Линијата е отворена на 2 март 1870 година, а е во општинска сопственост од 1920 година. Уништена е во Втората светска војна и повторно отворена на 4 јуни 1986 година. Карактеристика на линијата се двата пешачки моста што минуваат над неа . Тие биле присутни кога се отворила линијата, биле отстранети во 1900 година кога градината на замокот била проширена и повторно изградени според оригиналниот дизајн во 1983 година.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Жичницата

Изградбата на линијата започнала во јули 1868 година, првото пробно возење било на 23 октомври 1869 година. Сикло работи за јавноста од 2 март 1870 година. Оваа жичница била втора во Европа, само Лион имал сличен транспортен систем во тоа време.

За време на Втората светска војна кабините и терминалите биле уништени со гранатирање.

Остатоците од жичницата потоа биле демонтирани. Подоцна се размислувало за замена со ескалатори. Реконструкцијата на жичницата била решена во 1965 година и биле направени повеќе планови, но градежните работи задоцниле. Во 1975 година бил пуштен во употреба мидибус помеѓу двата терминали (линија „V“).

Технички параметри[уреди | уреди извор]

Линијата ги има следните технички параметри:[1][2]

  • Должина: 95 метри
  • Висина: 51 метри
  • Градиент: 31,75°
  • Кабини: 2
  • Капацитет: 24 патници по кабина
  • Конфигурација: Двоен колосек
  • Максимална брзина: 1,5 метри во секунда
  • Ширина на колосек: 1.435 mm стандарден колосек
  • Влечење: електрична енергија
  • Време на патување: 1 1/2 минути

Линијата е управувана од BKV (Транспортно претпријатие Будимпешта) и работи од 07.30 до 22.00 секој ден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Budapest“. web.archive.org. 2018-10-23. Посетено на 2022-04-26.
  2. „Funiculars.net - Budavári Sikló, Budapest (HU)“. www.funiculars.net. Посетено на 2022-04-26.