Животинско

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Животинско или анимално е она што е од животинска природа. Анимално е придавка која значи, честопати пејоративно, животинска карактеристика (на пр. животински нагони, страсти, постапки итн.) или потекло (јадење – јајца, млеко, маст итн.). На човековите животински потреби и склоности им се спротивставуваат духовните потреби. Терминот „анимален магнетизам“ (за разлика од физичкичкиот и електричниот магнетизам) означува флуид кој тече од една кон друга личност при хипноза или терапевтски сеанси со загадочно излекување. Под животинска психологија се подразбива „психологија на животни“, односно претпоставка дека и животните имаат „психа“ (или дури и „душа“), и претпоставки дека механизмите, утврдени кај животните, можат начелно да важат и за луѓето, или да во некој степен и на некој начин изменети, можат да дадат објаснувања за човечкото однесување.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Оваа статија или дел од оваа статија е изворно преземана од книгата на Иван Видановиќ, „Речник на социјалното работење“ со одобрение на авторот.““