Ефемиј Сицилиски
Ефемиј — византиски адмирал, најверојатно роден во Месина. Околу 826 година, според Мишел Амари,[1] царот назначил нов владетел на Сицилија кој или бил наречен Константин или Фотин, кој пак поморската одбрана му ја доверил на Ефемиј, земјопоседник со големи криминални дејства, обвинет со најверојатно измислено обвинение за грабнување на млада калуѓерка од манастир, тој организирал востание против византискиот цар, Михаил II, и, по неколку воени успеси, се прогласил себеси за цар на Сиракуза, независен од Цариград. На дело, тој бил харизматичен водач, и, почитуван како крал, титулата цар значела дека тој ја контролирал целата територија на островот. Сфаќајќи дека ќе биде поразен од византиските војски кои биле пратени како засилување од истокот, тој се обратил до муслиманските водачи на Ифрикија, каде побарал помош од арапите за освојување на Сицилија и Малта од византијците.[2] Во средината на летото 827 година[3] тој ги здружил своите сили со голема флота под команда на Асад ибн ел-Фурат, но умрел подоцна истата година,убиен од страна на членовите на царскиот гарнизон Кастроџовани (денес Ена). Се смета дека тој е човекот кој ја поттикнал инвазијата на арапите на Сицилија и Малта и почетокот на две вековното исламско владеење со островот кој бил наречен Сицилиски емират.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Amari, Storia dei musulmani di Sicilia, vol. I (ed. and rev. by C. Nallino), Catania, 1933.
- ↑ Peter Sammartino and William Roberts, Sicily: An Informal History pp. 43f.
- ↑ The date given by Luigi Antonio Muratori from the Chronicon Siculum at Cambridge, which recapitulates the events of the forty-seven years during which the Saracens completed the conquest, (Francis Marion Crawford, Southern Italy and Sicily and the rulers of the South, 1907, p. 73).
Оваа биографска статија статија личност од Византија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |