Ерика Флапен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ерика Флапен (англиски: Erica Flapan; р. 14 август 1956) е американска математичарка, професор по математика на Колеџот Помона.[1]

Флапен ги завршила додипломските студии на Колеџот Хамилтон (Њујорк), дипломирајќи во 1977 година,[2][3] а потоа заминала на дипломски студии на Универзитетот во Висконсин-Медисон, докторирајќи во 1983 година, под надзор на Дениел Мекмилан.[4] По пост-дикторските студии на Универзитетот Рајс и Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, таа се придружила на факултетот во Помона во 1986 година.[2][3] Истражувањето на Флапен е во ниско-димензионалната топологија и теоријата на јазли.

Во 2011 година, Флапен била една од тројцата добитници на Дебора и Френклин Тепер Хеимо наградата, доделена од Математичкото здружение на Америка.[3][5] Во 2012 година станала членка на Американското математичко друштво,[6] а истата година, како дел од двестагодишнината на Колеџот Хамилтон, била почестена со Хамилтон Алумни Медал за Достигнување.[7]

Книги[уреди | уреди извор]

Таа има објавено бројни трудови, како и работи на четири книги.[3]

  • Таа е автор на книгата Кога топологијата се среќава со хемијата: Тополошки Поглед на Молекуларната Хиралност (Кембриџ Универзитетски печат и Математичка Асоцијација на Америка, 2000).[3]
  • Во 2009 година, Флапен ја уредувала книгата Апликации на Теоријата на Јазли, заедно со Дороти Бак.[8]
  • Со Џејмс Померсхајм и Тим Маркс, исто така, ја напишала книгата Теорија на Броеви: Жив вовед со Докази, Примени и Приказни (Џон Вајли и Синовите, 2010).[3]
  • Во Декември 2015 година, таа објави "забавен" воведен учебник за топологија, Јазли, Молекули и Универзумот: Вовед во топологијата.[9]

Публикации[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Faculty listing, Pomona Mathematics Dept., retrieved 2013-01-22.
  2. 2,0 2,1 Curriculum vitae, retrieved 2013-01-22.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Award citation, January 2011 Prizes and Awards, MAA, retrieved 2013-01-22.
  4. Ерика Флапен at the Mathematics Genealogy Project
  5. Halmo award recipients, MAA, retrieved 2013-01-22.
  6. List of Fellows of the American Mathematical Society, retrieved 2013-01-21.
  7. Hamilton Alumni Achievement Medals, Hamilton College, retrieved 2013-01-22.
  8. [1], AMS Bookstore, retrieved 2014-07-18.
  9. „Knots, Molecules, and the Universe: An Introduction to Topology“. Amazon. конс. 20 April 2016.