Емилио Палма

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емилио Палма
Роден(а)Емилио Маркос Палма
7 јануари 1978(1978-01-07)(46 г.)
База Есперанца, Антарктик
ДржавјанствоАргентинско
Познат(а) поПрвиот човек кој се родил на Антарктикот
Родители
  • Хорхе Емилио Палма (татко)
  • Силвиа Морела де Палма (мајка)
  • Хое Франко (брат)

Емилио Маркос Палма Морела (шпански: Emilio Marcos Palma; роден на 7 јануари 1978 година) е аргентински државјанин, првиот човек кој се родил на Антарктикот.

Биографија[уреди | уреди извор]

Палма е роден во Фортин Сарџенто Кабрал во базата Есперанца, во близина на врвот од Антарктичкиот Полуостров, и при раѓањето тежел 3,4 кг. Неговиот татко, капетанот Хорхе Емилио Палма, бил шеф на аргентинската армија во базата.[1] Иако оттогаш на Антарктикот се родени десет луѓе, местото на кое се родил Палма и натаму е најјужното место.

Кон крајот на 1977 година, во седмиот месец од бременоста, Марија Силвија де Палма, мајката на Емилио, била однесена во станицата Есперанца за да се породи.[2] Со неговото раѓање Аргентина сметала дека ќе стекне предност во спорот за суверенитет над територијата на Антарктикот. Емилио автоматски добил аргентинско државјанство од владата бидејќи неговите родители биле аргентински државјани, а тој е роден во Аргентинскиот Антарктик. За овој дел од Антарктикот Аргентина тврди дека е дел од нејзината територија, иако суверенитетот не е меѓународно признат и се поклопува со британските и чилеанските претензии . 

Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди како првиот човек во историјата за кој се знае дека е роден на Антарктикот.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Life found under S Pole ice shelf“. The Times. 10 January 1978.
  2. „Born Freezing: Meet Antarctica's First Citizen“. WebEcoist. Посетено на 12 July 2012.[мртва врска]
  3. The Guinness Book of Records. 1986. стр. 17.