Прејди на содржината

Економски материјализам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Материјализам — прекумерна желба за стекнување и потрошување материјални добра. Тој е често поврзан со системот на вредности според кои социјалниот статус се одредува според богатството (со видливата потрошувачка), како и перцепцијата дека среќата може да се зголеми преку купување, трошење и акумулирање на материјално богатство.

Дефиниција

[уреди | уреди извор]

Материјализмот како лична особина

[уреди | уреди извор]

Концептуализација на материјализмот според Белк вклучува три особини на личноста.[1]

  • Недарежливост - не сакањето да се даваат или споделуваат сопственостите со другите
  • Завист - желба за поседувањата на другите луѓе
  • Посесивност - загриженост во врска со губењето на богатство и желба за поголема контрола на сопственоста

Материјализмот како вредност

[уреди | уреди извор]

Материјализмот како вредност е кога стекнувањето на материјални добра функционира како централна цел во животот со верувањето дека тие се клучот за среќата и дека успехот може да се суди според материјалното богатство на луѓето.[2]

Материјализмот и среќата

[уреди | уреди извор]

Користејќи две мерки на субјективна благосостојба, една студија покажа дека материјализмот е негативно во врска со среќата, што значи дека луѓето кои се со тенденција да бидат материјалисти, исто така, биле помалку среќни.[3] Кога луѓето добиваат многу задоволство од купувањето на нешта и веруваат дека стекнувањето на материјални добра се важни животни цели, тие имаат тенденција да имаат пониско задоволство од животот.[4] Материјализмот исто така е позитивно во корелација со повеќе сериозни психолошки проблеми како што се депресија, нарцизам и параноја.[5]

Истражувањата исто така покажуваат дека купувања направени со намера да се стекнат искуства во животот, како што е семејниот одмор ги прави луѓето посреќни од купувања направени за здобивањето со материјални добра, како што е автомобилот. Дури и самото размислување за искуственото купување ги прави луѓето посреќни од размислувањето за материјалното.[6]

Критиката на економскиот материјализам доаѓа од многу извори вклучувајќи ги и религијата, екологијата и социјалниот активизам. Многу религии се противат на материјализмот поради верувањето дека тој се коси со религијата и духовноста или дека тој води кон неморален начин на живот. Еколозите сметаат дека зголемувањето на материјализмот (и со тоа зголемувањето на побарувачката за ресурси) е неодржливо, особено кога е заедно со растот на населението, најчесто доведува до зголемувањето на уништувањето на природата. Некои општествени активисти сметаат дека материјализмот често е извор на проблеми како криминалот, загадувањето, деградацијата на животната средина, војната, економската нееднаквост, сиромаштијата, угнетувањето и геноцидот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Belk, R.W. (1985). "Trait aspects of living in the material world." Journal of Consumer Research, 12, 265–280.
  2. Richins, M.L. (1994). Valuing things: The public and the private meanings of possessions. Journal of Consumer Research, 21, 504-521.
  3. Russell, W. B. (1984) Three scales to measure constructs related to materialism: reliability, validity, and relationships to measure of happiness. Advances in Consumer Research, 11, 291-297.
  4. Richins, M. L. & Dawson, S. (1992). A consumer values orientation for materialism and its measurement: Scale development and validation. Journal of Consumer Research, 19,303-316.
  5. Kasser, T. & Ryan (1993). A dark side of the American dream: Correlates of financial success as a central life aspiration. Journal of Personality and Social Psychology Bulletin, 22, 280-287.
  6. Van Boven, L. (2005). Experientialism, materialism, and the pursuit of happiness. Review of General Psychology, 9(2), 132-142.